Сол која лечи и cол која убива

Нерафинирана морска сол наспроти Рафинирана сол – готварска сол

NaCl (98%) + 80 елементи(2%) наспроти чист NaCl (99.9%)

Морската сол содржи околу 3.5% сува материја. Таа содржи околу 80 елементи – минерали.

Солта е суштината на животот.

Природната сол е суштински елемент во исхраната не само на луѓето, туку и на животните, па дури и на многу растенија.

Употребата на сол е стара колку и човечката историја. Природната сол е еден од најефикасните и најупотребуваните зачини и природни конзерванси.
Природната сол е извор на 21 суштински и 30 споредни минерали кои се многу важни за нашето здравје.
Според некои извори, овие елементи сочинуваат 5% од сувата материја на морската сол.
Рафинираната сол содржи само 0.1 – 0.5% од овие елементи.

Guérande
Солените езера во Геранд (Guérande), едни од националните богатства на Франција.

Нерафинираната морска сол содржи 98.0 %  NaCl (натриум хлорид) и до 2.0% минерали (соли): магнезиумски соли, калциумови соли, калиумови соли, мангански соли, фосфатни соли, јодини соли итн. Сè вкупно се преку 100 минерали создадени од 80 хемиски елементи. Составот на кристалната морска сол е сложен и ниту една лабораторија во светот не може да ја произведе од истите 80 хемиски елементи. Природата сè уште е подобар хемичар од човекот.

salt-crystal

Рафинираната сол (готварска сол) е 99.9%  NaCl (натриум хлорид). Скоро секогаш содржи адитиви, како што е калиум јодид (се додава во солта за да се избегне дефицит на јод кој пак може да резултира со дисфункција на тироидната жлезда), шеќер (се додава за да го стабилизира јодидот и да го спречи згрутчувањето на солта) и алуминиум силикат.

Рафинираната (готварска) сол се користи во последните 50-100 години (во зависнот од земјата).

Внимавајте на етикетите „Морска Сол“!

На многу етикети на храната во супермаркетите, како и во продавниците за здрава храна, може да се види натписот „морска сол“. Откако ќе го прочитаме ова, се чувствуваме безбедно и сме охрабрени, помислувајќи дека сѐ е во ред…

Но не е сѐ во ред!

Солта наведена како „морска сол“ на овие етикети е целосно рафинирана. Таа можеби потекнува од морска сол, но:

  1. Се собира со механизација од калта или бетонските базени со булдожери и се пренесува преку метални цевки;
  2. Е подложна на многу процеси;
  3. Се загрева на многу висока температура за да се разбие молекуларната структура;
  4. Отстранети ѝ се сите суштински минерали неопходни за нашите физиолошки потреби;
    Овие елементи кои се извадени од солта се продаваат одделно. Тие носат поголем профит отколку самата сол.
  5. На оваа сол ѝ се додаваат хемиски адитиви за таа да изгледа бела, да е сува, лесно да тече и да е јодирана.

Да се нарече „морска сол“ она што ќе остане од таа сол е навистина неточно.

Згора на тоа, на оваа изменета и неприродна супстанца ѝ се додаваат штетни хемикалии за да се маскираат сите нечистотии кои таа ги содржи. Меѓу овие хемикалии се и оние кои прават солта да тече, неоргански јод, како и декстроза и додатоци за белеење.

Kristall_NaCl_ja_KCl
Кристал на NaCl (натриум хлорид)