Дали исхраната со намалена количина на сол е ризична?

Исхраната со намалена количина на сол можеби и не е толку здрава. Една нова контроверзна студија покажува дека колку помалку луѓето јадат сол, толку е поголем ризикот од прерана смрт.

Студијата, водена од страна на Др. Мајкл Алдерман, шеф на катедрата за епидемиологија на школата Алберт Ајнштајн, предлага владата да ги суспендира препораките за тоа луѓето да ја ограничат употребата на сол која ја конзумираат во нивната исхрана.