Баланс маска

lice3

Мешавината од Нерафинираната Морска Сол и мед има противоспалителни својства, така што може да воспостави рамнотежа кај прекумерното лачење на маснотии и да ја подобри хидратацијата на кожата и тоа во слоевите каде што е тоа најпотребно.

Подготовка: Измешајте две лажички Нерафинирана Морска Сол со четири лажички мед. Нанесете рамномерно на чиста и сува кожа, избегнувајќи го пределот околу очите. После 10-15 минути наквасете една крпа во топла вода и ставете ја на лицето околу половина минута. Потоа со млака вода измијте ја маската, масирајќи го нежно лицето со кружни движења. По третманот можете да ја нанесете кремата за лице која вообичаено ја користите.