Природна вода за испирање на устата

ustaНерафинираната Морска Сол има антибактериски делувања, па сигурно ќе ви помогне во уништување на бактериите кои се заслужни за лошиот здив и воспаление на непцата.

Подготовка: Помешајте половина лажичка Нерафинирана Морска Сол, половина лажичка сода бикарбона во чаша до четвртина полна со вода. Мешајте додека состојките потполно не се растопат. Со добиената течност убаво исплакнете го грлото, жабуркајте и направете мала гаргара. Потоа плукнете ја течноста и добро исплакнете ја устата со вода.