Избелувач на забите

zabi

Нерафинираната Морска Сол и сода бикарбоната се нежни абразиви кои ќе ги отстранат флеките и ќе ги избелат вашите заби. Солта содржи и флуорид, што дополнително го засилува ефектот на заздравување на забите и непцата.

Подготовка: Помешајте лажичка Нерафинирана Морска Сол со две лажички сода бикарбона. Влажната четкичка за заби ставете ја во мешавината и исчеткајте ги забите. Ако ви е вкусот премногу интензивен, додадете малку паста за заби на четкичката пред да ја ставите во смесата од сол и сода бикарбона.