Свинско месо печено на сол

svinskoСостојки: 2 кг. свинско месо; 1 кг. Нерафинирана Морска Сол

Начин на подготовка:

Исечете го месото на средно големи парчиња. Обложете го садот за печење со алуминиумска фолија и посипете слој од солта. Врз солта се ставаат парчињата месо кои се добро измиени и исушени. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 1 час. По првите 30 минути превртете ги парчињата месо за да се испечат од двете страни. Откако ќе се испече месото, извадете го од садот и послужете го со витаминска салата од цвекло, морков, свежа зелка или со салата од кисела зелка.

Добар апетит.