Печено пиле на француски начин

pileСостојки: 1 лажичка Нерафинирана Морска Сол; 3 лажици маслиново масло; 4 парчиња издробен лук; 4 гранчиња мајчина душица ; 1 лимон; 1 пиле од околу 1,7 кг.; 4 главици лук

Начин на приготвување

Загрејте ја рерната на 200 степени. Исечете го лимонот на половина и исцедете ја едната половина. Помешајте две лажици лимонов сок, со две лажици масло, издробен лук, Нерафинирана Морска Сол и бибер. Измијте го и исушете го пилето. Со смесата истријте го пилето однадвор и внатре, а во шуплината ставете ја половинката лимон и гранчињата мајчина душичка.
Заврзете ги нозете на пилето со конец. Ставете го на решетка во тава за печење со градите надолу и печете околу 15 минути. На четирите главици лук отсечете ги врвовите, попрскајте ги со маслиново масло и распоредете ги околу пилето. Пилето завртете го од другата страна и печете околу 45 минути или додека не се испече пилето. Сервирајте го пилето со печениот лук и прилог по желба.

Добар апетит.