Печени компири во Нерафинирана Морска Сол

kompirСостојки: 8 големи компири; 2 кг. Нерафинирана Морска Сол; 200 мл. павлака; 2 кафени лажици песто од босилек; 1 чешне лук; малку свеж босилек; 200 гр. шери домати или обичен домат исецкан на мали коцки; бибер по вкус

Начин на приготвување

Убаво измијте ги компирите. Дното на длабоката тава во која ќе го приготвувате јадењето покријте го со 1,5 килограми Нерафинирана Морска Сол. Одозгора ставете ги компирите и малку притиснете ги во солта. Остатокот од солта помешајте го со 5 супени лажици ладна вода и полејте ги компирите.

Вака приготвените компири ставете ги во загреана рерна на 200 °C и печете ги 1 час и 30 мин. Компирите се оставаат уште 30 мин. во исклучена рерна. Солената кора отворете ја со нож пред сервирање. На овој начин компирите се задржуваат топли подолго време.
Додека се пече компирот, можете да го приготвите сосот. Измешајте ги сите состојки и зачинете со сол, бибер и лимон по вкус.
Секој компир се сече во форма на крст до половина и се стиска малку во средината.
Налејте го сосот во средината. Украсете ги компирите со копар или босилек.

Добар апетит.