Употребата на сол е стара колку и човечката историја. Најстарите пишани докази се пронајдени во Кина. Околу 2,700 година пр.н.е во Кина се појавува книгата насловена како PENG-TZAO-KAN-MU. Во неа во голем дел се пишува за повеќе од 40 видови на сол, вклучувајќи и опис на два метода за добивање сол и нејзина употреба кои всушност се многу слични на оние кои се применуваат денес.
Како се произведува морската сол?
Океанот поплавува огромни, рамни и плитки површини, а потоа овие површини се затвораат и водата останува на нив. Потоа, водата природно испарува со помош на сонцето и на тој начин останува тенок слој морска сол. Кафеавата сол е на дното, а убавата бела сол е на површината.
Повеќето луѓе се навикнати на бела сол, па затоа најчесто се собира само површинскиот слој. Сепак, минералите најчесто се наоѓаат во долниот кафеав слој.
Вистинската морска сол се произведува од сите слоеви наталожена сол. Токму затоа таа е со малку потемна боја.
Природната сол не е бела и не е сува. Таа е со сивкаста боја заради минералите и е малку леплива заради влажноста која ја содржи.