Солта е витална супстанца за преживување на сите живи стуштества, особено на луѓето, бидејќи ја регулира содржината на течности во телото. Водата мора да стаса до клетките за да ги исчисти, и да го исфрли токсичниот отпадок настанат како резултат на сите метаболички процеси. Солта овозможува дел од водата да остане надвор од клетките и ја балансира количината на течностите. Од таа рамнотежа на водата во клетките и надвор од нив зависи доброто здравје, а токму неа ја воспоставува нерафинираната сол.
Солта е потребна за одвивање на многу процеси кои се случуваат во нашето тело и од кои зависи нашето здравје.
Солта најефикасно ги стабилизира отчукувањата на срцето. Таа е важна за исфрлање на киселинитe од клетките на телото, особено од мозокот. Солта е од животна важност за регулирање на нивото на шеќер во крвта, неопходна кај дијабетесот. Исто така, таа е неопходна и за нервните клетки и за нивната комуникација и обработка на информации, односно за функционирање на клетките од зачнувањето, па се до смртта.
Исклучитeлно е важна за чистење на белите дробови од секрет, особено кај астмата, како и за чистење на воспалените синуси. Солта претставува силен природен антихистаминик – антиалергиски лек. Научно е потврдено дека има суштинска улога во превенцијата од грчеви во мускулите. Нејзината улога е незаменлива во одржување на цврстината на структурата на коските. Остеопорозата е претежно резултат на недостатокот на вода и сол во организмот.
И за регулирање на природниот сон, неопходна е солта. Таа, всушност претставува природен хипнотик.
Се вели: Без сол, нема ниту секс! Таа е витална состојка за одржување на сексуалноста и либидото. Меѓу другото, солта има важна улога во заштита од варикозни вени и ширење на капилари по нозете.