Конзумирањето сол е од витално значење

Солта е витална супстанца за опстанокот на сите живи суштества, особена на луѓето. Водата и солта ја регулираат количината на вода во телото. Самата вода ја регулира количината на вода во внатрешноста на клетките со тоа што доаѓа до сите клетки до кои може да дојде. Таа треба да дојде до нив за да ги исчисти и да го земе токсичниот отпад од клеточниот метаболизам. Солта задржува одредена количина на вода да не влезе во клетките. Таа ја балансира количината на водата која останува надвор од клетките. Постојат два типа на вода во организмот; едниот тип на вода е онаа која се задржува во клетките на телото, а другиот тип се задржува надвор од нив. Доброто здравје зависи од многу деликатниот баланс меѓу количината на двата типа вода, а овој баланс се постигнува со помош на нерафинираната сол.
Кога водата може слободно да навлезе во клетките, таа се филтрира и се внесува во клетките кои се заморени од нивната активност и покрај недостатокот на вода. Ова е причината за појава на водна болест (едема) и задржување на вода во организмот при многу тешка дехидратација. Човечкиот организам води сметка да има доволно вода надвор од клетките за потребите на филтрирање и за вбризгување на вода во виталните клетки кога тоа е итно и неопходно. Мозокот издава наредба за зголемено задржување на сол и вода кое го извршуваат бубрезите. На овој начин може да се добие водна болест ако не се пие доволно вода.

Процесот на филтрирање на водата и нејзиното доставување до клетките е поефикасно во текот на ноќта кога телото е во хоризонтална положба. Собраната вода, која најмногу се задржува во нозете, не мора да се бори со гравитацијата за да влезе во крвотокот. Ако организмот се потпре на овој процес на вонредна хидратација подолго време, белите дробови ќе бидат потопени во вода во текот на ноќта, а дишењето ќе стане отежнато. Во овој случај ни се потребни повеќе перници за да бидеме исправени и така да спиеме. Оваа ситуација е последица на дехидратација. Ако наеднаш се внесе голема количина на вода, може да дојде до оптоварување на организмот. Внесувањето на вода мора да биде постепено и во исто време да се постигне и регулирање на исфрлувањето на вода од организмот преку уринирање.

Кога пиеме доволно вода за да имаме бистра урина, исфрламе и многу сол која била задржана во организмот. На овој начин можеме да се ослободиме од течностите задржани во телото заради водната болест; сето ова се постигнува ако пиеме многу вода. Кај луѓето кои имаат водна болест и кај кои срцебиењето е неправилно или многу брзо, зголемувањето на внесената количина вода треба да биде постепено. Внесувањето сол во организмот треба да биде контролирано 2-3 дена затоа што телото се обидува истата да ја задржи. Откако ќе се подобри ситуацијата со водната болест, треба да се продолжи со нормално конзумирање сол.

Др. Жак де Лангре, писателот на книгата „Скриените моќи на морската сол“, потенцира дека морската сол, заштитена од сонцето и правилно чувана, може да биде прашање на живот или смрт, здравје или болест и нејзините елементи се од суштинско значење за правилно функционирање на организмот. Рачно собраната морска сол не само што го одржува организмот во живот, туку и ги неутрализира токсините и бактериите и ги стимулира функциите на сите органи.

Кога ќе дојде до дефицит на одредени елементи кои ги има во трагови во нашиот организам, клетките ја губат способноста да ги контролираат своите јони, а тоа може да има сериозни последици за човечкиот организам. Дури и ако губењето на рамнотежата со јоните трае една минута, тоа може да предизвика пукање на клетките, нервни растројства, оштетување на мозокот или грчеви во мускулите, па дури и целосно нарушување на процесот за регенерирање на клетките и нивното растење.

Според теоријата за баланс на киселоста и алкалноста на организмот, хроничните болести, како што е ракот, се предизвикани од скиселувањето на крвта, лимфата и сите мобилни ткива. Вистинската морска сол е еден од основните елементи неопходни за решавање на овој проблем.

Природната морска сол им дозволува на течностите слободно да ги преминуваат мембраните на клетките и ѕидовите на крните садови. Секој пат кога концентрацијата на натриум хлоридот се зголемува во крвта, водата која се наоѓа во непосредна близина е привлечена од крвта заситена со сол, а потоа клетките повторно ја апсорбираат збогатената меѓуклеточна течност. Ако бубрезите функционираат како што треба, тие лесно ги отстрануваат солените течности. Рафинираната сол не го дозволува слободното преминување на течностите и минералите, а тоа предизвикува застој на акумулираните течности, што пак предизвикув водна болест (едема) и хронични проблеми со бубрезите.

Солта е единствениот елемент кој може правилно да ги разложи растителните карбохидрати во употреблива и корисна храна за луѓето. Плунката и соковите за варење на храната се во состојба да ги разложат влакната на карбохидратите само кога се додава сол во овошјето и зеленчукот.

Откако солта е растворена и јонизирана, солта поседува определена реактивност, има електромагнетни способности и многу полесно поминува во дебелото црево кое истата треба да го прочисти.

Во рафинираната готварска сол се додава алуминиум силикат и избелувачи за таа да биде бела и лесно да тече. По овие хемиски процеси, оваа сол не може да се комбинира со телесните течности, па така предизвикува тешки заболувања како што е водната болест (едема) и уште неколку други здравствени нарушувања.

Во дамнешни времиња, солта се користела за третирање на сериозни физички и ментални нарушувања, тешки изгореници и други заболувања. Денес, биолозите потврдуваат дека морската вода ги стабилизира хидроелектричните дисбаланси, нарушувања кои предизвикуваат губење на имунолошката реакција, појава на алергии и предизвикуваат уште многу други здравствени проблеми.