Тоник за омекнување на грубата кожа

lice

Нерафинираната Морска Сол е природен и нежен пилинг кој ја отстранува мртвата кожа. Но, во исто време Нерафинираната Морска Сол содржи минерали кои ќе ја омекнат кожата и ќе ја вратат хидратацијата.

Подготовка: Помешајте четвртина чаша Нерафинирана Морска Сол со пола чаша маслиново масло или растопено кокосово масло, сѐ додека не добиете цврста смеса. Можете да додадете и десетина капки од вашето омилено етерично масло. Нанесете ја содржината на влажна кожа со ракавица за пилинг и нежно масирајте ја кожата со кружни движења. Потоа исплакнете ја кожата.