Пилинг за подмладување

photos.demandstudios.com-getty-article-18-115-78652777_XS

Нерафинираната Морска Сол ја омекнува кожата и ја враќа во нејзиното најдобро издание.

Подготовка:  Помешајте половина чаша Нерафинирана Морска Сол, четвртина чаша чисто алое вера, четвртина чаша масло по ваш избор, една лажичка суви цветови од лаванда и десетина капки етерично масло од лаванда. Додека се туширате, на влажа кожа, нанесете ја смесата и со ракавица за пилинг нежно масирајте ја кожата со кружни движења. Потоа исплакнете ја кожата. Кожата ќе стане бебешки мека и нежна.