Состојки: 300 гр. риба по ваш избор; 1 кг. крупна Нерафинирана Морска Сол; лимонова трева (или малку рендана кора од лимон и коријандер)
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Изрендајте кора од лимон и ситно исечкајте го коријандерот. Кората од лимон заедно со исeчеканиот зачин измешајте ја со половина од Нерафинираната Морска Сол. Во садот за печење ставете ја зачинетата сол. Одозгора ставете ја рибата и покријте ја со останатото количество сол.
Затворете го садот, ставете го во рерна и печете околу 20 минути.
Откако рибата добро ќе се испече, отворете го садот и почекајте неколку минути да се олади рибата.
Потоа отстранете ја солта и послужете ја рибата.
Добар апетит.