Цементиран полнет крап

riba2Состојки: 3 кг. крап; 1 кг. сол; 10 белки; 1 шолја вода; 1 ситно сечкан морков; 1 ситно сечкан кромид; 1 шолја грашок; 1 шолја пченка; малку копар

Начин на приготвување:

Исчистете го крапот, посолете ја внатрешноста и оставете го на страна. Белките, солта и водата мешајте ги додека да добиете изедначена смеса. Ситно исечканиот морков и кромид измешајте ги со грашокот и пченката. Додадете малку копар. Запржете ги на тавче малку да омекнат. Наполнете го крапот со смесата. Во тавата во која што ќе печете ставете подлога од Нерафинирана Морска Сол, дебела околу 2 сантиметри. Ставете го крапот врз солта и покријте го со сол од сите страни. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 70 минути.
Откако крапот ќе се испече, извадете го од рерна, отстранете го слојот од сол и сервирајте го со прилог по ваш избор.

Добар апетит.