Дали знаевте?

  • Римјаните биле познати градители на солени езера и одредена количина на сол, на латински sal, која римските легионери со генерации ја добивале во мали торби како дел од нивната плата, била позната како salarium argentum или „солени пари“. Низ вековите, од називот на овој начин на плаќање произлегол зборот „плата“ (eng. salary).
  • Солта била важна при откривањето на нови континенти која што им овозможувала на морепловците да земат доволна количина храна – конзервирана во сол – во текот на нивните долги патувања. Тие дури и тргувале со сол со домородното население за да добијат друга стока.
  • Наскоро владетелите согледале дека штом солта била толку важна за сите, можела и да претставува важен и редовен извор на заработка. Затоа тие вовеле даноци и други давачки за сол. Првиот пример за оваа активност се појавил во Кина, 2200 год. пр.н.е. Се смета дека токму овие даноци биле првите даноци во човечката историја.
  • Во Франција пак, правото да се воведе данок на сол било експлоатирано до таа мера што довело до недостаток на сол и почеток на француската револуција во 1789 година.
  • Кога старите Римјани сакале да покажат посебна чест кон некого, тие ја седнувале таа личност поблиску до солта на масата. Колку поблиску седела таа личност до солта, толку била поважна.
  • Во Шкотска солта се третира како магија. Кога некој ќе се всели во нова куќа, солта е таа што прва треба да го премине куќниот праг. Се фрлаат неколку зрна сол врз Библијата и потоа солта се внесува дома.
  • Грците ја обожувале солта како бог на сонцето. Исто како и старите Римјани, тие имале поговорка дека не можело да му се верува на некого додека не се вкуси сол со таа личност. Значењето на оваа поговорка било дека треба да се подели сол со некого со цел да се изгради заеднична доверба.
  • Едно старо норвешко суеверие вели дека оној кој ќе истури сол ќе треба да пролее толку многу солзи колку што се потребни за да се стопи растурената сол.
  • Англиското суеверие пак вели дека едно зрно истурена сол е една солза.
  • Германците веруваат дека кога некој ќе истури сол, предизвикува омраза затоа што тоа е дело на ѓаволот кој го нарушува мирот.
  • Французите фрлаат малку сол позади нив за да го погодат ѓаволот во око и да избегнат несреќа во иднина.
  • Во Америка пак се фрла сол преку левото рамо и се поминува под маса.
  • Шубатсу, ритуал за прочистување кој се изведува со прскање сол, е дел од религијата Шинто. Една многу важна и видлива форма на овој ритуал е кога сумо борачите истураат сол околу рингот за борење пред да започне борбата со цел да ја прочистат таа област.