Виталните функции на солта во човечкото тело

1. Солта е најефикасна за стабилизација на неправилното отчукување на срцето и, спротивно на погрешната претстава дека предизвикува висок крвен притисок, е неопходна за регулирање на крвиот притисок – кога ќе се поврзе со водата во организмот. Важен е всушност нивниот сооднос.

2. Солта е важна за отстранување на киселоста од клетките во телото, особено од мозочните клетки.

3. Солта е важна за балансирање на нивото на шеќер во крвта; многу важен елемент кај дијабетичарите.

4. Солта е важна за генерирање на хидроелектричната енергија во телото. Се користи како локален генератор на енергија кога тоа им е потребно на одредени клетки.

5. Солта е важна за комуникацијата на нервните клетки, како и за процесирање на информациите при непрекинатото работење на мозочните клетки, од моментот на зачнување па сѐ до смртта.

6. Солта е важна за апсорпцијата на храната преку цревниот систем.

7. Солта е важна за прочистување на белите дробови од слуз и од густиот слуз, особено кај луѓето со астма и цистична фиброза.

8. Солта е важна за прочистување на застојот во синусите.

9. Солта е силен природен антихистамин.

10. Солта е од суштинско значење за спречување на грчеви во мускулите.

11. Солта е од витално значење за намалување на лачењето на плунка во текот на спиењето и за да не истекува од уста. Ако постојано истекува плунка од устата, тоа е знак дека има недостаток на сол во организмот.

12. Солта е исклучително важна за цврстината на коските. Остеопорозата, во некоја мера, е резултат на недостаток на сол и вода во организмот.

13. Солта е од суштинско значење за регулирање на сонот. Таа претставува природна хиптоничка супстанца.

14. Солта е суштински елемент при третирањето на дијабетес.

15. Ако ставите сол на јазикот, ќе ја сопрете постојаната сува кашлица.

16. Солта е суштински важна за превенција од костобол и коскен артритис.

17. Солта е важна при одржувањето на сексуалноста и либидото.

18. Солта е важна при превенцијата од проширени вени и испукани капилари по нозете и на бутините.

19. Солта е важна за да се избегне формирањето на подбрадок. Кога во телото има недостаток на сол, тоа значи дека телото има и недостаток на вода. Плунковите жлезди го чувствуваат недостатокот на сол и мораат да произведат повеќе плунка за да го помогнат џвакањето и голтањето на храна и да обезбедат течности во желудникот за да се свари храната. Циркулацијата до плунковите жлезди се зголемува и крвните садови стануваат „пропустливи“ за да ги снабдат жлездите со вода и за да се произведе плунка. Оваа „пропустливост“ се разлева околу областа на жлездите и тоа предизвикува оток под кожата на брадата, образите и на вратот.

20. Морската сол содржи околу 80 минерали потребни на нашето тело. Некои од нив ни се потребни во многу мали количини. Нерафинираната морска сол е подобар избор на сол од другите видови сол достапни на пазарот. Обичната готварска сол која се продава во маркетите е осиромашена од минералите и елементите неопходни за нашиот организам и таа содржи додадени елементи како што е алуминиум силикат за солта да биде сува и да може лесно да тече. Алуминиумот е многу отровен елемент ако се внесе во нашиот нервен систем. Тој се смета за еден од главните причинители за појавата на Алцхајмеровата болест.

21. 22,27% од солта во нашето тело се содржи во нашите коски. Остеопорозата се јавува кога телото има поголема потреба од сол и ја зема таа сол од телото.