Пиранските солени базени се меѓу ретките солени базени во светот каде што солта се произведува преку процеси стари со векови, вклучувајќи целосно природна кристализација, рачна изработка и користење на алати и процедури кои ги користеле и нашите предци.
Пиранска сол
ПИРАНСКАТА СОЛ се произведува според одобрена традиционална процедура, стара скоро 700 години и само со традиционални алатки. Основниот процес е природна кристализација на солените полиња, каде што солта се собира на база на биоседимент на слој од неколку милиметри наречен ПЕТОЛА кој се состои од минерали и микроорганизми.
Собирањето на сол зависи само од природата – од сонцето, ветерот, морето и трудољубивата работа на работниците на солените базени. Солта од природниот парк Сечовље Салина е лесна, богата со минерали од морето и со исклучителен вкус кој им дава посебни кулинарски карактеристики на јадењата. Во 2005 година компанијата успешно го заврши процесот на сертификација воден од страна на Веритас, авторизирана куќа за сертифицирање при Министерството за Земјоделство, Шумарство и Храна на Словенија како првокласен производ со долга традиција – ПИРАНСКА СОЛ со ознака за потекло.
Прехранбените производи кои ја носат географската ознака за потекло се тесно поврзани со областа на ознаката. За да се квалификува ознаката за потекло мора да се исполнат два услови: прво, сите процеси на производство, преработка и подготовка за излез на пазарот и второ, производот мора да поседува својства кои произлегуваат од природни или човечки фактори од одредената географска средина. Ова значи дека производот мора да се разликува од сличните производи во однос на посебни карактеристики на производство или состав, дека пропишаните правила мора да се почитуваат и дека производот мора да биде подложен на строги контроли од страна на телото кое ги издава сертификатите.
ПИРАНСКАТА СОЛ со ознака за потекло е во кристална форма, нерафинирана, богата со морски минерали и со посебен вкус, засилен со „мајчина вода“ во форма на кристали. Токму заради кристализираната форма на пиранската сол, таа има и посебен вкус – не е многу солена, како што се другите типови на сол, но вкусот е силен и различен. Во просек, минералниот состав е побогат од оној на рафинираната сол и оваа сол е погодна за сите видови природна храна. Во модерното готвење сѐ повеќе се употребува оригиналната форма на сол – кристална форма која постои колку што постои и правењето сол. Оваа сол одговара за јадења во кои солта не го засенува оригиналниот вкус на храната, туку додава вкус од подрачјето на потекло на самата сол.