Избелувач на нокти, отстранувач на флеки

nokti

Солта ја омекнува кожата околу ноктите и делува на нејзино зајакнување. Содата бикарбона и лимонот ги отстрануваат жолтенилото и флеките на ноктите.

Подготовка: Помешајте една лажичка Нерафинирана Морска Сол, една лажичка сода бикарбона, една лажичка сок од лимон и пола филџан млака вода во мал сад прикладен за намената. Потопете ги ноктите во течноста и држете ги така десетина минути, потоа исчеткајте ги со мека четкичка. Измијте ги рацете и намачкајте ги со хидратантна крема.