Кај луѓето кои конзумираат рафинирана сол се јавува желба за сол затоа што солта која ја внесуваат не им ги задоволува потребите. Тогаш тие конзумираат сè повеќе и повеќе сол во очајните обиди да го добијат она што го посакуваат. Конзумирањто на големо количество на рафинирана сол (хемиска сол) ги оптоварува бубрезите и надбубрежните жлезди кои се многу важни за искористувањето на калциум. Модерната физиологија покажува дека прекумерното конзумирање сол ја попречува апсорпцијата на хранливите материи и го осиромашува калциумот во организмот. Ако солта се конзумира во умерени дози, таа ја подобрува апсорпцијата на калциум и на хранливите материи.
Познато е дека апсорпцијата на калциум зависи од функцијата на бубрезите и надбубрежните жлезди и калциумскиот метаболизам е од клучно знчење за здравјето на нервите, мускулите, срцето, васкуларниот систем и коските. Едноставно кажано, целото тело зависи од конзумирањето калциум.